Повторно одложено судењето за синот кој си ја уби мајката во Штип, овојпат заради здравствени причини

Повторно одложено судењето за синот кој летово си ја уби мајката во Штип. Денеска непосредно пред да биде донесен од затвор Куманово во Судот во Штип, се пожалил на здравствени проблеми по што бил пренесен во болница во Куманово. Неговата здравствена состојба останува непозната, но новото рочиште е закажано за 30 декември со почеток од 9:30 часот.

„Судот констатира дека во 10:20 часот телефонски од затвор Куманово, каде издржува мерка притвор обвинетиот Стојанче, се јавија и го известија Судот дека се пожалил на здравствени проблеми, пред тргнување за Штип. Откако бил прегледан од страна на лекар, констатирано било дека е потребно да биде пренесен во болница Куманово. Од овие причини не сме во можност денеска да започнеме со закажаното судење во отсуство на обвинетиот.“ – вели Георгиев.

Претходното рочиште беше откажано по барање на обвинетиот. Тогаш обвинителството го достави ножот со кој е извршено убиството како доказ до судот, но обвинетиот побара најмалку пет ден за да може да го прочира доказот напишан на четири страници.

Стојанче Зарков на 8 август годинава, околу 2 часот по полноќ во семејната куќа во Штип со остар предмет ја уби својата 84 годишна мајка.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет