
Во штипската населба 8 Ноември синоќа се запалило моторно возило, марка „мерцедес“.
Според информациите од СВР Штип, пожарот се случил во периодот од 1 и 30 до 2 часот по полноќ, на Ул.„Булевар ЈНА“, а возилото било во сопственост на 24 годишниот Е.Ќ.
По пријава за пожар веднаш интервенирале од противпожарната единица во Штип и истиот бил изгаснат. Увидната екипа при СВР Штип извршила увид на местото каде горел автомобилот.