
По тешките борби на терен со пожарите, првиот човек на ТППЕ Штип, Благој Ренџов со повреди заврши во КБ Штип. Ренџов во штипската болница бил примен вчеравечер, околу 20:30 часот. Тој учествувајќи во пожарите се здобил со тешки повреди на двете раце и е задржан на болничко лекување. Ренџов е херојот кој уште првиот ден е на терен заедно со останатите пожарникари и сите лица кои помагаат во гасењето на пожарите, даваат се од себе да се стави крај на огнените стихии. Постојано во искушение, веднаш до пламените јазици, Ренџов учествуваше во борбите со пламените јазици. Макотрпно, деноноќно, неумрно се вложуваат за да се спасат барем дел од белите дробови на државата. Пожарот на Серта кој беснее веќе десетина дена, бараше многу вклучени луѓе, механизација и опрема за да може барем дел од него да биде локализиран.
Лаура Стојанова М-Нет