
Ориз, пченица, јачмен се дел од земјоделските некогашни култури, кои биле застапени во село Уларци во Општината Чешиново Облешево. Некогаш секојдневие и можност за добра заработувачка, а сега само занимација за повозрасните. Жителите на селото, велат дека младите си заминуваат, а тие се последна генерација кој се занимаваат со оваа гранка.
“Па работам три хектара ориз и пет житарица“
„Јас да кажам со бавча живеам. Сееме пипер, патлиџани и тоа и не продаваме“
“Ориз и мумурска одгледуваме , пченица, јачмен. Зависно кој како ќе направи, ако имаш пари во џеб, ќе имаш приход и имаш капитал“
Некогаш селото било полно, додаваат селаните и велат дека моменталната ситуација е загружувачка. Недостасуваат многу работи, а највеќе самиот соживот и поводи за радост меѓу луѓето.
“Имаше кај школото, таму кај што децата учат, одевме таму на игранка“
Заклучно со економската ситуација во државата, но и големите трошоци, се дел од главните причини за младите да ги напуштат своите огништа и да заминат во странство. Ќе има ли кој да ги обработува нивите и дали селата ќе бидат живи со текот на годините е прашање, кое сите ги запрашува. Од селаните на село Уларци останува фактот, дека мора да се надеваат на подобра иднина и егзистенција.
Лаура Стојанова, М-Нет