Повеќе од 15 часа борба со пожарот на депонија во Крива Паланка, градоначалникот очекува огнот до вечер да биде изгаснат

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот.

Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце.

„Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со вода потебна е поголема количина на земјен материјал“, рече Митовски.

Тој кажа дека жителите на градот  во текот на денот ќе чувствуваат непријатна миризба и додаде дека очекува до крајот да денот, Општината да се справи со пожарот.

Текстот (Видео) Повеќе од 15 часа борба со пожарот на депонија во Крива Паланка, градоначалникот очекува огнот до вечер да биде изгаснат е превземен од МАКФАКС.