
Овој викенд се одиграа натпреварите од 5. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Првата ракометна лига на Македонија. Ланскиот суперлигаш Радовиш има промена на тренерското столче, Љупче Мијалов е минато, а клубот ќе биде предводен од тренерското дуо Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев, двајца поранешни ракометари на Радовиш, а Долдуров беше помошник на Мијалов.
Долдуров и Ѓорѓиев победнички тргнаа од клупата на Радовиш, откако во Гостивар ланскиот суперлигаш Радовиш славеше со 25:32. За домашниот тим Адис Салиу беше најдобар со седум погодоци, а за гостите штипјанецот Васе Петров имаше седум погодоци.
Шампион на домашен терен загуби од Младост со 27:31, Бисинов го доби дербито на колото со Металург со 35:30 во меч каде Ивица Илиев со 14 погоди ја надполни мрежата на гостинот од Автокоманда, Македонија ЃП загуби убедливо од Драчево со 33:41.
На првото место е Бисинов со максимални 18 бодови, Младост е втор со 15 бодови, Драчево и Радовиш го делат третото место со по 11 бодови, Металург сега е на 5. место со 10 бодови, Јехона е шеста со четири бодови, Македонија ЃП е седма со три бодови, а Шампион е на дното без бодови.
Во плеј-аутот екипата на Текстилец загуби во Гевгелија од екипата на Партизна со 34:32, Борец немаше сили за Кичево и загуби со 28:52, дербито во Струмица заврши без победник Астраион и Овче Поле ремизираа играјќи 30:30, а во оваа коло слободна беше екипата на Преспа Вардар.
Во однос на табелата Овче Поле е лидер со 13 бодови, Текстилец е втор со 11 бодови, Астраион е трет со 10 бодови, Партизан е на четвртото место со осум бодови. Кичево и Преспа Вардар го делат петтото место со седум бодови, а на дното е Борец без бодови.
Александар Ванев, М-Нет