
Малку погодоци имаше на мечевите од 17. коло на Трета лига – Исток, во Берово со минимални 1:0 Малеш го доби Карбинци, а така беше и во Дојран каде Победа Валандово со 0:1 го доби Дојранско Езеро.
Хоризонт Турново одигра 1:1 со Брегалница од Делчево, но домаќинот најави жалба бидејќи како што е наведено во записникот жалбата на домашната екипа е поради неправилна замена, излегува младинец од гостинската екипа со број 16, а влегува играч со број 42 кој не е младинец. Така, гостинската екипа го завршила првото полувреме со двајца младинци.
На врвот е Овче Поле со 37 бодови, Победа Валандово е втора со 32 бодови, но со два натпревари помалку.
Во Трета лига – Југ дербито на колото му припадна на Борец кој со 0:4 го доби Превалец и така велешани се зацврстија на врвот со 55 бодови, шест повеќе од Превалец, па веќе се е јасно тука Борец ќе игра бараж за Втора лига.
На останатите мечеви Башкими од Јаболчиште со 3:1 го доби Ултрас, Питу Гули дома беше поразен од Тополка со 1:3, Млекар го доби Бучин со 3:2, а пак во Кривогаштани имаше девет гола и конечно радост за Росоман кој со 4:5 го доби Младост.
Сите работи се јасни и во Трета лига – Север каде Еуромилк ГЛ со 3:0 го доби Аеродром во дерби на 20. коло, а „лисиците“ кои имаат шест бода повеќе од БВК Коњаре се спремаа за бараж и за можно враќање во Втора лига.
БВК Коњање го доби Ржаничино со 4:0, па така Еуромилк е прв со 58 бодови, а тимот на БВК Коњаре е втор со 51.
Во однос на останати натпревари Беса од Сарај ја продолжува победничката серија откако со 2:1 славеше над Фортуна, Студеничани имаше сигурна победа од 3:1 над Кадино.
Пчиња со 5:2 имаше виоска пбоеда над Отља, Куманово со 5:2 го доби Башкими Љуботен, а пак Беса Слупчане со 6:2 славеше над Лопате.
Во Трета лига – Југозапад веќе станува јасно оти Влазними ќе оди кон баражот за Втора лига, овој викенд стружани го добија Кораб со 2:0, Могила преку пресврт со 2:1 го доби Напредок од Ношпал, а мечот меѓу Кравари и Караорман немаше свој крај, на резултат од 5:0 во 49. минута беше прекинат натпреварот бидејќи Караорман на теренот остана со шест играчи.
Демир Хисар со минимални 1:0 го доби тимот на Света Троица.
На врвот е Влазними со 31 бод, втор е Славеј со 26, а Могила е трета со 25 бодови.
Во Трета лига – Запад лидерот Камјани се одлепи на плус пет откако во Брвеница славеше со 1:3 на Вардар, па сега има 43 бодови во однос на Влазерими кој е втор со 38 бодови.
Сега сите работи зависат само од Камјани, со цел да игра бараж за Втора лига.
Ренова загуби со 2:3 од Џепчиште, Напредок беше сигурен со 4:2 против Доброшти, Речица со 3:1 го доби Љуботен, а еден гол го реши мечот меѓу Скендербег и Дрита, трите бодови останаа дома 1:0.
Александар Ванев, М-Нет