
ФК Победа Валандово славеше убедливо на домашен терен против лидерот Овче Поле со резултат 3-1. Победа имаше одлична контрола на играта и сигурна реализација стигнаа до заслужени три бода. Со оваа победа, Победа Валандово има освоено 9 бодови, но со еден натпревар помалку. Играч на натпреварот беше младиот Филип Зајков.
Истовремено, голема радост и во Пирава – ФК Ударник славеше висока победа против Зрновци со резултат 7-2.
Карбинци на домашен терен со 3:0 ја совлада екипата на Дојранско Езеро.
Хоризонт Турново со 2:3 на гостински терен ја победи екипата на Тиверија.
Брегалница Делчево го победи Рудар од Пробиштип со 2:1.