
На 27.09.2025 во 11:53 часот во СВР Штип е пријавено дека на паркинг простор пред станбена зграда на ул. „Ванчо Китанов“ во Штип, се самозапалило патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Ј.М.(54). Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.