Кик боксерот Никола Нацев ќе настапи на Европскиот куп во Белград, Србија

Главниот град на Република Србија, Белград ќе биде домакин и технички организатор на Европскиот куп во Кик – бокс на кој ќе настапат повеќе учесници од Србија, Бугарија, Русија, Хрватска, Романија, Грција, Германија, Белгија и БиХ. Поканата е прифатени и учество ќе земат и кик – боксери од Македонија а меѓу нив ќе биде и членот на кик – бокс клубот Гладијатор од Штип, Никола Нацев. Предводен од тренерот Шенол Асанов, Никола Нацев ќе настапи во дисциплината Кик – лајт а во категорија + 95 кг. Ова ќе биде нова можност Никола Нацев да го искаже сиот свој потенцијал и раскошен талент и да се закити со нов триумфален успех. Неодамна на „Трофеј Белград“ Никола Нацев освои златен и бронзен медал и ова ќе биде нова можност за потврда на неговите квалитети и евентуална поправка на некои негови поранешни грешки или недостатоци.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk