Пингонгарите на „Шампион ФА“ од Штип остварија две големи победи во Скопје

Нови две големи победи остварија пингпонгарите на Шампион ФА во рамките од натпреварите на 11 и на 12 првенствено коло. Поради пандемијата сите натпревари од Супер лигата на Македонија се играат во спортската сала Борис Трајковски во Скопје а штипјани успеаја да ги победат екипите на НЕЦ Телеком и на Работнички со по максимален резултат од 4:0. По две победи за Шампион ФА извојуваа Филип Младеновски, Сашко Богатинов, Дамјан Стојчев како и опoравениот Александар Кралев. Под раководство на претседателот Зоран Штрков и тренерот Зоран Димитриевски, штипските пигпонгари се судруваат со тешки услови поради неможноста да користат спортска сала поради пандемијата а со тоа извршување на максимален тренинг . Колку за потсетување „дечките“ од Шампион ФА во еден период се префрлија да тренираат во Свети Николе откако тука не им дозволија пристап до спортските сали. Пандемијата само го при повтори нивниот случај иако тие се еден од најреспектавилни пинг – понг екипи во Македонија, некогашни шампиони и секогаш во самиот врв на Супер лигата на Македонија. Засега Шампион ФА е на второто место на табелата со сигурен пласман во Плеј – оф разигрувањето а со тоа и со силен атак кон нова шампионска титула на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk