Физички нападнат во такси возило во центарот на Штип

На 21.03.2021 во 20.50 часот во СВР Штип, Б.Д.(33) од Штип, пријавил дека  околу 20.45 часот пред трговскиот центар во Штип, додека седел во такси возило бил физички нападнат од страна на Ф.Ј. од Штип, при што во еден момент тој насилно му ги одзел парите на таксистот кој му ги дал Б.Д. Се работи на комплетирање на случајот, по што против Ф.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.