Пет средношколци од СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип изработија паметни дуксери со цел да помогнат во борбата против загадувањето

Пет средношколци од СОУ „Димитар Мирасчиев“ изработија паметни дуксери со цел да помогнат во борбата против загадувањето. Наместо само теорија, тие засукаа ракави и направија конкретно решение. Преку заедничка работа и нов начин на размислување покажаа дека и младите имаат што да понудат. Велат, идејата е да се создадат практични производи што ќе ја штитат животната средина. Директорката Марина Варадиновска, но и професорите од таму, остана горди на своите ученици.

,,Денеска во СОУ Димитар Мирасчиев од Штип се организира отворен ден за презентација на зелени иновации, т.е изработка на паметни дуксерици од страна на учениците, кои што детално ге ви ги презентираат и да кажат како и на кој начин тие ги изработија, колку време им беше потребно.“, вели Варадинова

,,Eдна нова методологија на дизајнерско размислување, програма за социјални иновации во која се вклучени и е наменеата за млади, за ученици, кои што ќе решаваат конкретни проблеми од областа на животната средина и климатските промени. Учествуваа околу 5 ученици собрани во еден тим со назив 5 плус. Целта е ние да допринесеме за зачувување на на животната средина, намалување на загадувањето и да дадеме допринос во чистата и здрава животната средина.“, кажа Пуздерлиски

Учениците од ова текстилно училиште, велат дека се задоволни од крајниот резултат. Како што кажаа им било интересно, затоа што научиле нешто ново,а тоа ги поттикнало да размисулваат за нови идеи на нови полиња.

,,Ова беше нештои ново за нас, нешто што до сега не сме го имале во нашата програма и ни беше навистина интересно. Значи ги изработувавме дуксерите, учевме нешто ново, бевме инспирирани да размислуваме на нови идеи и полиња, така да супер си поминавме.“; вели Петровска

Инаку, настанот се одржа во просториите на училиштето, а присуство и поддршка имаше од локалната самоуправа, како и од претставниците на останатите општинистки уличишта од Штип.

Иван Митев, М-Нет