Одземени 11 возила, приведени 25 возачи во државата, возеле пијани, без возачка, со забрана и со затемнети стакла

Дури 11 возила одзеде полицијата за само два дена во државата, а приведе 25 возачи, оти возеле пијани, без возачка и со активна забрана. Санкционирани биле и 14 лица, оти непрописно ги затемниле стаклата на автомобилите, како и мотоциклисти, кои не носеле заштитен шлем и 10 пешаци за непрописно поминување по улица.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Евидентирани се 324 прекршоци за неправилно паркирање, како и шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 11 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Санкционирани се и 14 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).“, велат од МВР

Како што посочуваат дополнително од таму, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Иван Митев, М-Нет