Пет сообраќајки за два дена на истокот – седуммина повредени

Во текот на вчерашниот ден, 30.06. и на 01.07.2020 на подрачјето на СВР Штип се случиле пет сообраќајни незгоди со седум телесно повредени лица, од кои две на подрачјето на Полициската станица Свети Николе, една Штип, една Виница и една Кочани.

СВР Штип апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, поставената сообраќајна сигнализација, да ја прилагодат брзината на движење кон условите и состојбата на патиштата, како не би дошло до сообраќајни незгоди со потешки последици, а воедно и за лична безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.