Пет дена по смртта на пациентката од Берово, јавноста се уште е крената на нозе

Не престануваат и понатаму тешките обвинувања и секојдневни барања од политичките партии во врска со починатата пацинетка од Берово, која барајќи кислород го загуби својот живот. Јавноста не стивнува и неколку дена после незјината смрт, нејзиниот случај не престанува. На прес денеска од ВМРО ДПМНЕ, се појавија со нови обвинувања до директорот на Клиничката болница Штип, д-р. Георгијев.
„Додека бил на дежурство од 7:30 часот, на 14ти месецов, директорот д-р. Ален, го искористил претпладнето да гостува во емисија.“ – соопшти Иван Јорданов на пресот.
По веќе познатиот случај со смртта на 41 годишната жена се изврши и вонреден инспекциски надзор во клиничката болница во Штип, и три дена после завршувањето на истиот со изјава излезе и директорот на Штипската клиничка болница Д-р. Ален Георгијев.
„Направен е записник на Комисијата за квалитет на здравствени и етички прашања и доставен е до Инспекторатот. Се што ќе биде побарано од страна на надлежните институции ќе биде испочитувано. Уште еднаш би апелирал да престанат нападите на трудот на медицинските работници, во борбата со ова зло кое го покоси буквално целиот свет. Да ги почитуваме здравствените работници, да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи состојбата е и така премногу тешка.“ – пишуваше во изјавата на д-р.  Георгијев.
Пред еден ден беше издаден наредба до директорот на Болница да постави нови телефонски линии, со што беа поставени две нови од кои едната за роднините на болните, и другата телефонска линија за болните да можат да побараат и добијат медицинска помош.

Лаура Стојанова М-Нет