Пет дена по Велигден се празнува Источен петок-Балаклија, со одново вапсано јајце и погача граѓаните ги посетија црквите во Штип

Првиот петок по Велигден се празнува источен петок-Балаклија, празник посветен на пресвета Богородица. Верниот народ уште рано утрово, со одново вапсано јајце, пролетни набрани шарени цвекиња, пресна погача и силна молитва го почнаа пранзувањето. Си посакаа пред се здравје, среќа, напредок и мир за нивната душа и тело. Источен петок-Балаклија се празнува и во карбинското село Калузлија, како и во кочанско, каменичко и делчевско. Овој празник има посебно значење на православните христијани.

Денот е востановен од времето на царот Лав, кога во близина на Цариград во една шума се појавил извор, над кој се појавила и мајката божја, од кој се исцелувале многу болни.

Според православието, еден мртовец бил исто воскреснат од светената вода. Царот Лав, па потоа Јустенијан и плејада цареви го доградувале храмот, кој што подигнат во чест на мајката божја, бидејќи во видение светители имале визија како над изворот е појавува мајката божја и изворот станува целителен.

Иван Митев, М-Нет