
Во академиите и културните институции има вработени што земаат плата, но не си ги исполнуваат обврските како што треба, вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, на факултет не може некој да не објави ниеден труд цела година, а да бара висока плата. Исто така, посочува дека има вработени во културата што не учествуваат во претстави, а редовно земаат плата. Пораката му е дека мора да има и работа и резултати, а не само барања.
,,Сите оние политички политички шпекуланти, кои јавно кажуваат дека се против законот, наводно на тој начин се нарушувала автономијата, импровизираат и манипулираат. Зошто – впрочем ги видоа вчера ректорите на државните универзитети како го подржуваат. Тие во свуштина се плашат од новите критериуми за избор во звања. До сега работевме по законот од 2018 година и нашиот најстар, најраномиран универзитет во моемнто Свети Кирил и Методи на шангаајската листа падна 100 места. Уствари не знам дали воопшто е рангиран, а едно врееме беше. Тие сакаат да работат еден ден во неделата, сакаат плата 150 000 денари, а не сакаат да напишат еден труд годишно, што им е работа. Тоа е исто како јас сега како претседател на влада, да доаѓам на работа пола ден во неделата и да барам да имам 10 пати повисоки примањата и да не одговарам за ништо во државата. Тоа не иде така, оваа Влада ги покачи платите како резултат на колективниот договор двојно, кај универзитетските работници. И знам дека ќе има и такви кои што ке излезат и ќе ме критикуваат.“, вели Мицкоски
Во културата, пак, буџетот се зголемува, но според премиерот Христијан Мицкоски, најголем дел од средствата одат за плати, а не за програми и инвестиции
,,Буџетот за културата се зголемува, но знаете што – не се зголемува програми толку многу и капитални инвестиции, туку за нивните палти. Сега се доведуваме во ситуација да правник во културна институција има двојно поголема плата од правник во министерството за култура. Дали некој има чувство кон оваа држава, еве икон културата. Никој не го крати буџетот, но да оди во програми, филмови, во театарски претстави, да се реновираат културни институции. Зошто да не зборуваме дека имаме вработе во одредени театри, кои што не играат претстава цела година. Некој работи мораме да ги доведе во ред, ако сакаме да имаме држава.“, додава Мицкоски
Пораката е дека мора да се воведе ред во културните институции и во начинот на трошење на буџетот. Според него, парите треба повеќе да одат во проекти и содржини, а не само во плати. Како што вели, без работа и одговорност нема држава, туку импровизации.
Иван Митев, М-Нет