Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони денари, договорил и финансиски подароци за Богац, а само една од траншите која требало да ги добие Богац била во висина од над 110 илјади денари. Јавноста заслужува да добие одговори, колку пари требал да добие Богоев, поранешниот директор на Царинската управа, за да го намести овој тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали вреден 18 милиони денари“, рече тој.
Според Петрушевски, во прилепските кругови се знае многу добро кој е Џемо. „Тепач на свои сограѓани кои не мислат како него, човек кој бил одговорен за поткупување на гласачи, и како главен кадровик и сива еминенција во огранокот во Прилеп на СДС“, рече Петрушевски.
Од другата страна, додаде тој, го имаме несудениот наследник на Зоран Заев, детето на СДММ кој тргнал по стапките на неговиот ментор.
„Ако Заев земаше една евро за брат му, Богац зема илјадници ама за него. Матрицата на СДС не се менува. Криминали, афери, скандали, тендери и провизии. Тоа е вистинското лице на СДС“, вели Петрушевски.
Текстот (Видео) Петрушевски: Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требало да ги добие за местениот тендер е превземен од МАКФАКС.