
Шок и заблуда повторно кај повозрасните лица, непознати лица повторно се јавуваат од странски броеви, соопштувајки им дека нивните деца или блиски имаат повреда, треба да им се изврши операција, а за им бараат големи износи на парични средства. Од СВР Штип потврдуваат дека во измниатиот период има зголемен број на вакви случаи и апелираат на големо внимание. Доколку граѓаните добијат вакви повици, потсетуваат дека веднаш треба да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за превземање на мерки и откирвање на сторителите.
„Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда да им исплатат одредена сума на пари. СВР Штип ги известува граѓаните доколку во случај да добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.“, соопштуваат од СВР Штип
Инаку, вакви случаи имаше и во текот на претходниот период. За среќа неколку лица беа откриени и беа осудени на затворска казна.
Иван Митев, М-Нет