Одбележани 25 години од смртта на македонските бранители кај Гајре

Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.

Свежо цвеќе во име на градоначалникот на Битола и Општина Битола положи заменик градоначалничката Марина Крстиќ, претставници од Советот на Општина Битола, министерства, политички партии, семејствата на загинатите бранители и други граѓани. Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.

Текстот Одбележани 25 години од смртта на македонските бранители кај Гајре е превземен од МАКФАКС.