Пенизонерите на 3 септември на протест во Скопје, бараат разрешување на актуелната претседателка Трајковска

Пензионерите од Штип, Свети Николе и Кочани најавија нов протест на 3 септември во Скопје. Целта на протестот е да се разреши од функција актуелната претседателка на Здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајковска. Велат таа не ги поддржала нивните барања за линеарно покачување на пензиите и затоа повикуваат на масовност.

„Ги повикуваме сите здруженија на пензионери на Македонија кои се за линеарно покачување на пензиите да дојдат во Скопје на 3 септември за да ја разрешеме госпоѓата претседател на здружението Станка Трајковска.“ -вели Станојков

Дополнитело стојат и останатите барања за ослобдување од партиципација, како и усогласување на минималната пензија со минималната плата.

„Многу огромни средства одат во приватни џебови, а тоа е жалосно оти некој не може да си купе храна, дрва, а тие ги користат парите за некое нивно лично задоволство.“ – вели Митев.

А пензионерите и понатаму сведочат дека едвај сврзуваат крај со крај. Со две минимални пензии, од кои едната се троши за лекови, пари остануваат само за храна.

Подрршка пензионерите бараат од сите здруженија, да излезат масовно и да побараат разрешување на актуелната претседателка.

Лаура Стојанова М-Нет