
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше запрена уте во првото квалификациско коло на Грен слем турнирот УС Опен, откако беше поразена од Аргентинката Јулија Риера која е 19-та носителка во квалификациите, а која забележа победа од 2-0 во сетови за 96 минути игра.
Тетовчанката одлично го започна натпреварот и имаше предност од 3:0 во гемови откако имаше брејк во вториот гем. Аргентинката успеа да намали на 4:3 со брејк, но Ѓорческа направи нов брејк за 5:3. Сепак, во продолжение од натпреварот Риера имаше брејк и во следниот гем за 5:4, за потоа и да поведе со 6:5. Македонката со нов брејк успеа да се избори за тај-брејк кој го загуби со 7:4 на поени.
Вториот сет се карактеризираше со поизрамнет, а во истиот Риера направи брејк што и овозможи водство од 5:3 што на крајот се покажа како решавачко бидејќи сетот го доби со 6:3 во гемвои.
Нашата најдобра тенисерка следниот турнир треба да го игра од 2. септември во Инчеон, Јужна Кореја. Што се однесува до рејтингот Лина Ѓорческа е на 208. место со 343 поени.
Александар Ванев, М-Нет