
Пензионерите во петок ќе земат пензии повисоки за 5%. Тоа би значело дека на минимална пензија од 12 илјади денари пензионерите ќе добијат дополнителни 600 денари. Според министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, не станува збор за покачување на пензиите туку нивно усогласување. Во меѓувреме се уште важоо се реалзира одлуката за помош на пензионерите од 3 илјади денари.
„Се добија податоци од статистика, направена е пресметката. Јас не би го кажал тоа дека е зголемување на пензиите кои ќе бидат исплатени сега на 1 во петок, бидејќи е само од 5%.“ – вели Велковски.
Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата. Согласно последните пресметки, на едно четиричлено семејство за претходниот месец беа потребни речиси илјада евра за само еден месец.
Лаура Стојанова М-Нет