
Денес во Кочани се одржа второто годишно собрание на здружение на пензионери. На денешната средба е презентиана програмата за работа за 2024 година, финансовиот план и извештајот за работата како и завршната сметка на минатата 2023 година. Во 2024 година од Кочани велат дека ја збогатиле програмата за работа, и се надеваат дека истата ќе ја реализираат.
„ Да почна уписот на огревно дрво, доста пензионери се пријавија, околку 650 планираме да ги набавиме оваа година со огревно дрво, исклучиво со бука. На овој начин на пензионерите им помагаме на полесен начин да дојдат до огревно дрво, бидејќи целата сум се дели на осум рати, еден кубик на дрва изнесува 4500 денари, со навремено снабдување. Договорот е напишан до крајот на септември планираме сите да добијат дрва.“- изјави претседател на пензионери на здружение Кочани,
Инаку, во делот на спорот е објавено соопштение, за пријување на пензионери во различен спорт. Пензионерите тренираат, се врши селекција на општински ниво. Прво пласираните на општински нивоа, премнинуваат на регионални средби, а завршувањето на натпреварувањето е на републичко ниво.
Лаура Стојанова М-Нет