
Антикризините мерки кои ги понуди вицепремиерот Битиќи за ранливите категории пензионери наиде на уште подоглемо незадоволство кај граѓаните од третата доба. Денеска повторно на улица штипските пензионери потенцираа дека парите за антикризините мерки се всушност нивните пари кои им се скратени со последното покачување на пензиите од 5.3%.
„Тоа се да ви кажам нашите пари кои ги скратија со покачувањето. Наместо 6,8% беа 5.3%. Е сега масата пари од 1.5% на 336 ијади пенизонери тоа се тие пари што тој сега ќе ги даде како антикризни мерки. До 14 илјади денари една сума, до 16 илјади денари друга сума, дали сака со ова да ги раздели пензионерите. Не пензионерите овојпат цврсто ќе стокат на својот став“ – вели Арсовска.
Од плоштадот Слобода во Штип, пензионерите едногласно потенцираа дека тие ќе го одлучат победникот на наредните избори. Повикаа уште еднаш да се разгледат одлуките од Влада, оти со нивните примања тие не можат да отидат до аптека, а не во ЕУ.
„Затоа што тие ви се најголемата гласачка машинерија. 336 илјади пензинери ќе си го стават прстот на главата и ќе видеме дали ќе излезат и ќе гласат“ – велат Арсовска.
Пензионерите револтирани посочија уште еднаш дека месецот не може да се помине со денешните принмања и ниски пензии за нив.
Пензионерите и денеска повикаа на масовност со цел да може да ги добијат своите барања.
Лаура Стојанова М-Нет