Со концерт фолклорната група „Ветерани“ – Штип одбележа јубилеј 43 години постоење

Јубилеј 43 години од почетоците на фолклорната група Ветерани Штип и десет години дружба со КУД Ристо Донев Учителот, вчеравечер се одбележаа во штипскиот центар за култура. Со концерт на кои настапија групи од Штип, но и гости од други градови во државата се одбележа јубилејот и се најави дека дружбата продолжува и во годините кои следуваат.

„По подолго време и дружење договоривме се другарите и членовите од фолклорната секција да направиме еден концерт кој враќа споемни од далечната 1980 година. И по тој повод сакаме да одбележиме како јубилеј оваа година 43 години,.“ – вели Ристов.

Обединување на членови кои пред се доаѓаат од руралните средини од Источниот регион, дружба и продолжување на една традиција која започнала да се негува во 1980 година.

На настанот настапи пеачката група Орнаменти, имаше гости од Валандово – здружение на пензионери како и учесници од ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип, ученици со народни инструменти. Во четири блока се преставија и членовите кои се дел од фолклорната група Ветерани Штип.

Лаура Стојанова М-Нет