Пензионерите бараат покачување на пензиите, од утре почнува исплатата

Од утре исплата, пензионерите – незадоволни од висината на пензиите. Екипата на М-Нет Телевизија беше на терен, ги прашавме кочанчани треба ли да се покачат, но и на кој начин ги подигаат пензиите. Според нив, по покачувањето на цените, треба да следи и покачување на примањата. Повеќето од нив не се за достава на пензиите по пошта, а најчесто користат банкомат. Сепак, велат, не е важно како ќе се исплаќаат, важно е да бидат покачени.

Инаку од утре, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 24 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Инаку, изминатава недела Владата започна дијалог за континуиран раст на пензиите, со што би требало да се утврди моделот и методологијата на покачување на пензиите. Ова би било придобивка за околу 330.000 граѓани, пензионери.

Ребека Спасова М-Нет