Педесет и пет лица од Кочани остануваат во самоизолација

Кризниот штаб на Општина Кочани будно ја следи состојбата и продолжуваат со анализа на мерките за намалување на ризикот од ширење на коронавирусот.

Викендов Територијалната противпожарна единица изврши дезинфекциски третман уште на десет фабрички хали. До сега се дезинфицирани најголемите производни комплекси во Кочани, а на дезинфекција во приватниот сектор ќе се работи и во текот на утрешниот ден.