Патот Штип – Кочани, систем за наводнување – Чардаклија дел од капиталните проекти на Владата лани

Експресниот пат Штип – Кочани еден од позначајните капитални проекти кои се реализирани во текот на изминатата година од страна на Владата, изјави денеска на прес конференција, Премиерот Димитар Ковачевски. Истакна дека во периодот од 2020 година до 2022 година се реализрани капитални проекти во висина од 1,1 милијарда евра, а споредбено 2014 со 2021 година прокетите се зголемени за 179 милиони евра или 60%.

„Минатата 2022 година бележиме пораст на капиталните инвестиции во повеќе ресори. Ќе започнам со Транспорт и врски. Минатата година целосно ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, со пуштањето на делницата Крупиште – Кочани во месец декември сега го скратуваме времето на патување од еден до друг град на граѓаните од целиот регион на државата.“ – вели Ковачевски.

Вложувања има во сите сектори додава Ковачевски. Проекти на дело се гледаат и во Министерството за внатрешни работи, образование, здравство, придонеси има за Армијата и полицијата. Во општините од Истотокот се работи на изградба на пречистителни станици, системи за наводнување, а се опфатени и локални улици кои се или ќе бидат рехабилитирани.

“Во областа на земјоделието се реализирани или се во тек на реализација вкупно 43 прокети во вредност од речиси 400 милиони евра. Се градат пречистителни станици, системи за наводнување, модернизација на земјоделството и слично. Од проектите позначајни се изградба на брана на Оризарска река, систем за наводнување Чардаклија, изградба на прочистителна станица за вода за пиење во Лозово, ХС Злетовица.“ – додава Ковачевски.

Во 2023 година нивото на планирани капитални инвестиции во Буџетот во однос на минатата 2022 година се повисоки за 58% и изнесува околу 800 милиони евра. За финансирање на инвестициите предвидено е да се обезбедат средства од различни извори, додава Ковачевски.

Лаура Стојанова М-Нет