Вечерва започнува 61 издание на ДАФ во Кочани, бројката на заинтерсираност е огромна

Пор паролата „Знаеме што сме, но не знаеме што ќе бидеме“ вечерва започнува 61 издание на драмскиот аматерски фестивал со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани. Бројката за заинтересираност на фестивалот е неочекувано надмината.

„Ние на конкурсот имавме пријавено 30 претстави што покажува дека навистина заиинтересираноста за драмскиот аматерски фестивал е голема. Односно оваа бројkа не изненади и нас како организатори, затоа што не очекувамвме дека ќе наиде на толкав интерес фестивалот во последните неколку години.“ – вели Атанасова-Арсова.

Фестивалот ќе трае 6 дена што значи дека само ќе се одиграат 16 претстави од вкупно 30. На настанот ќе бидат одиграни претстави од Македонија и претстави од неколку градови од соседна Србија.

„Фестивалот трае 6 дена дека е невозможно сите 30 да ги угостиме затоа оваа година ќе одиме со 16 селектирани претстави, претставите се од Македонија и од Србија, од Србија ни се гости од Прокопје, Ниш, Крагујевац, Сремска Паланка. Додека од Македонија ни се од Скопје, Велес, Битола, Прилеп, Кичево, Крива Паланка, за жал оваа година од Кочани немаме претстава но се надеваме дека другата година ќе имаме.“ – додава Атанасова-Арсова.

Порди огромната заинтересираност од страна на театарските љубители може слободно да се каже дека ДАФ може да биде прогласен како бренд на Македонија

„Заинтересираноста од театарските љубители е голема тоа покажува дека ние со гордост можее веќе да го носиме драмскиот аматерски фестивал односно ДАФ како бренд на Македонија и да се гордееме со тоа . Овде денес со нас се жири комисијата Пеце Ристевски, претседател на жири комисијата, Ненад Витанов режисер и Елеонора Теова член на комисијата и Владимир Тулиев претседател на управниот одбор на ДАФ.

Се очекува наредната година бројката на заинтересираност да се зголеми а со тоа и бројот на претставите каде ќе учествуваат и повеќе држави.

Лаура Стојанова, М-Нет