
Претседателот на достоинствени пензионери, Трајче Митев од Штип пред камерите на М-Нет телевизија истакна дека основите на барањата на пензијата се засноваат на историјатот на пензионерите, а тоа би значело дека пензионерите претставуваат жртви на системот. Велат дека сега пензиите се многу мали и пензионерите кои протестираат зимаат минимални пензии. Додаваат дека барањата на пензионерите се реални, а тие ни малку не се виновни.
„Пари во буџетот има за ова покачување од 5000 денари линерано, а тие пари ќе ги добиеме , тоа го јавуваа. Кажаа дека 51 илјада пензионери од Република Косово зимаат пензии од Македонија без ниту еден ден работен стаж, еве ги парите за нашите пензии. Да не се извлекуваме ние 50 на 50 % сме задоволни од ова одлука на владата.“ – изјави Митев
Истакна дека во среда имаат состанок во Свети Николе на сите иницијативни одбори на Македонија и на тој состанок ќе се завземе заклучниот став. Дали се задоволни или пак не се задоволни и што да се прави понатаму.
„Тие пари многу значат на пензионерите ќе ви кажам и зошто, инфлацијата е двоцифрена, а пензионерите добиваат 5,3% покачување. Тоа значи 1:10, цените се покачени над 20% има услуги и по 50%, никаде кај нас не е дадена нумеричката цена на производите и затоа на цените одат на сиромашна основа и никако не можат да сврзат крај со крај и се повеќе пропаѓаат, а семејствата се жртви на системот.“ – додава Митев
Децидни дека парите кои се добиени од покачувањето од нив 25% ќе се вратат во даноци, тоа е здравство бидејќи парите пензионерите ги даваат за здравство и исхрана. Што значи дека парите повторно се враќаат во буџетот на државата.
Инаку на првата владина седница се дебатираше за покачување на пензиите, а првото покачување од 2500 денари е во месец септември и следното во месец март.
Лаура Стојанова, М-Нет