Од први јули поскапа струја, според граѓаните ова ќе биде нов удар по нивниот џеб

Најавено поскапување на струјата од 1. Јули за 0,4 %. Оваа информација наиде на жестока реакција помеѓу граѓаните. Во период кога државата се соочува со висока инфлација, кога народот едвај врзува крај со крај сега се појавува можноста од појава за дополнителни трошоци. Анкетираните граѓани за М-Нет телевизија велат дека не се задоволни од оваа одлука и може во иднина негативно да влијае.

„Катастрофа не е убаво струјата ако се каче се ќе се каче. Сите продукти сите произовди, слаби пензии слаби плати. Користам попладне до 13:00 до 15:00, тогаш готвам само што го ставеш јадењето или вклучеш машината и не можеш да испереш, тие саати се малку. Најубаво поевтина да биде целосно струјата да си вклучеш тие електрични работи.“

„Сега евтина не знам дали има оти не свети сијалицата како порано на млади години кога беше светеше кај осигурвачите. Долу викат дека светело а нема да свете сијалица, никако. Не сум сигурна и во евтината струја.“

Децидни се дека периодот на евтината струја треба да се зголеми барем за еден час плус. Моментално евтината струја се пушта во периодот од 13:00 до 15:00 часот но поголем дел од луѓето овој период се на работа и немаат можност да ја користат.

„Па тоа е малку, кажуваат 0,5, 0,8 покачување тоа не е ништо тоа е добро. Оти ние кога трошеме тоа е друго. Тоа треба да евтината струја да биде подолго, они сами три часа од 13:00 до 15:00, тоа треба подолго да биде. Сите граѓани го користат тоа, евтиното.

„Многу тешко ќе биде, какво покачување вака ние не можее да го поминеме месецот уште тоа ни недостасува. Треба да ја продолжат уште еден час да ја користат за повеќе време. Сите работат до 15:00 или 16:00 часот а таа во 15:00 завршува.“

Во најавата претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%.

Лаура Стојанова, М-Нет