Оштетени канделабри и урбана опрема на пешачката патека во Штип

Оштетени повеќе канделабри и урбана опрема на пешачката патека во Штип. Од ЈП Стипион апелираат до младите да бидат одговорни и да ја чуваат урбаната опрема која е поставена зарад безбедност на жителите во Штип.

„Во текот на ноќта при чин на хулиганство се оштетени повеќе канделабри и урбана опрема на пешачката патека.Ова однесување, особено кај нашите млади луѓе е длабоко загрижувачко и бара итно внимание.

Канделабрите беа поставени поради поголема безбедност на жителите на Штип, да можат да ја користат патеката за прошетки и релаксација и во вечерните часови.

Апелираме до сите граѓани на поголема општествена одговорност и осуда на ваквите девијантни и деструктивни појави. ️Само преку колективна свест и одговорност можеме да ги заштитиме нашите јавни површини и да го зачуваме нашиот град.

Дежурните екипи на ЈП“СТИПИОН“ утрово ажурно интервенираа, ги санираа штетите и ги оспособија канделабрите за граѓаните безбедно да можат да ја користат патеката.“ – стои во писменото соопштение на ЈП Стипион.

Од таму посочуваат дека ќе продолжат посветено да работат во служба на граѓаните и на нивните потреби.

Лаура Стојанова М-Нет