
По повод 22 Февруари Светскиот ден на извидниците , денес во Штип се одржа централна прослава на Сојуз на извидници на Македонија. Учество заземаа околу тринаесетина градови од државата, а присутни извцидници го заокружија бројот со 520 учесници и 60 волонтери. Одбележувањето на самиот ден се заокружува со три паралелни настани, изложба, крводарителска акција, и запознавање на историјатот за Штип, а истите се реализираат во просториите на Дом на Млади – Штип.
„Денес е резервиран ден за три настани паралелно, станува збор каде што децата и околу 500 изводници ширум земјата ќе одат да посетат девет културни точки за запознавање на град Штип. И секако имаме галерија, односно имаме изложба на стари фотографии, опрема и униформи, сето онаа што е карактеристично за извидниците. Посетителите ќе имаат можност да ги забележаат и воочат разликите од пред 50 години па се до ден денес, како евалуира извидништвото и што е онаа пто го задржуваме. Паралено на тоа се организира традиционална крводарителска акција за нашиот град.“- вели Тошиќ
Извидниците од Прилеп и Свети Николе кои зборуваа пред камерите на МНЕТ телевизија, задоволни од организацијата, велат дека на ваков начин се пружа можност на младите да се дружат, да научат да ја сакаат и почитуваат природата.
„Ние доаѓаме од извидничкиот одред Феникс од Прилеп, дојдовме околу 40 извидници Да има интерес за млади извидници посебно кај тинеџерите, многи има заинтересирани, па затоа сме во таков голем број“- вели Андреа Николиќ, извидник од Феникс, Прилеп.

„Дојдовме 25 луѓе од Свети Николе и оваа за мене е едно големо задоволство што можеме денес да се собереме. Во Свети Николе барем по еден или двајца секоја недела успеваат да се запишат како извидници, ги исполнува, сакаат да се дружат, да шетаат и да стекнуваат нови знаења.“ – додава Александар Трајчев, извидничко друштво Свети Николе
Централната прослава лани беше реализирана во Прилеп. Од денешната изложба и продажбата на предмети ќе се собираат средства со кои ќе се реконструира просторијата на штипските извидници која се наоѓа во Дом на млади.
Лаура Стојанова М-Нет