
Шампионот Скопје триумфираш во Македонска Каменица во дербито против поранешниот шампион Каменица Саса со минимални 0:1 од 9. коло на Првата женска фудбалска лига.
Рабија Дервиши ги обезбеди трите бодови за тимот од Пржино, со што домаќинот го претрпе третиот сезонски пораз.
Фудбалерките на Кочани го забележаа осмиот сезонски пораз, откако со минимални 1:0 беа поразени на гостувањето кај Вардар во Скопје, па така тимот на Кочани е единствениот без триумф по девет кола.
Истатов се врати на победничките патеки и стави крај на резултатската криза со убедлива победа од 4:0 над Речица, додека пак Тиверија Брера со 1:4 славеше над Ас Јунајтед. Лидерот Љуботен забележа висока победа од 0:3 над Пелистер во гости.
На чело на табелата останува Љуботен со 23 бодови, Скопје е втор со бод помалку, а пак Тиверија Брера е трета со 19 бодови. На 4. место е Пелистер со 17 бодови, место подолу со бод помалку е Каменица Саса.
Вардар изби на шестото место со десет бодови, Истатов е седми со девет бодови, Ас Јунајтед е осми со осум бодови, Речица во бараж зоната со четири бодови, на дното во зоната за испаѓање во Втора лига е Кочани со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет