ОФИЦИЈАЛНО: Штипјанецот Крстевски ги помина лекарските прегледи, ставен потпис со Шкендија

Официјално Ване Крстевски е нов играч на Шкендија, откако денес ги помина лекарските прегледи и стави потпис на договор со тетовскиот прволигаш.

Брера за штипјанецот добива отштета од 100.000 евра!

Eден од најдобрите млади офанзивци во Првата македонска фудбалска лига и актуелен младински репрезентативец беше член на Брера Струмица повеќе од 6 години, а потекнува од школата на Академија Постолов-Пандев од Штип каде што ги направи првите почетоци од неговата фудбалска кариера.

Прв тренер на Крстевски му беше Борче Постолов, тренер кој моментално сега е координатор на младинската школа на Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет