ОФИЦИЈАЛНО: Шпетим Дуро е нов тренер на Струга Трим Љум (ФОТО)

Како што најавивме и официјално Шпетим Дуро е нов тренер на Струга Трим Љум, кој доаѓа како наследник на Срѓан Захариевски, откако клубот и тренерот од Крива Паланка ја завршија соработката.

Албанскиот стратег веќе потпиша договор со лидерот во Првата македонска фудбалска лига, следуваше негова промоција во клупските простории и потоа започна со работа.

Стратегот се запозна со играчите, терените и условите во клубот.

Како негов асистент ќе работи Меритон Гега, а соработката е договорена за до крајот на сезона 2023/2024.

Во својата кариера 63-годишниот стратег работеше во Шкендија, а ги водеше и Партизани, Влазниа, Скендербеу, Игнатиа, Дрита, Беса, Љачи…

Викендот Струга е слободна, а потоа следува директната дерби пресметката со Шкупи покрај езерото.