
Тоа што телевизија М Нет го најави пред околу две недели вечерва е потврдено и од самиот клуб, Стефан Терзиев е нов играч на есенскиот шампион во Трета лига – Исток, екипата на Вардарски.
27-годишникот последно настапуваше за Кожуф, од каде доаѓа во редовите на третолигашот од Богданци, каде всушност е и повратник, откако претходно од 2012 до 2013 година го носеше дресот на Вардарски.
Во својата кариера покрај за Вардарски и Кожуф, Терзиев има настапувано и за екипата на Дојранско Езеро.
Како што објави вечерва телевизија М Нет ново засилување во Вардарски е и Христијан Бејков, а како што дознава М Нет екипата на Вардарски е во преговори со уште двајца играчи.
Во пролетната полусезона од Трета лига – Исток екипата на Вардарски ќе се бори да го сочува првото место и да игра бараж за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет