
И официјално започна со работа градскиот базен во Кочани. Голем број граѓани, помлади и повозрасни се разладуваат на овој базен, каде бараат спас од летните горештини. Некој на капење, други на релаксација, се читаат книги, децата се забавуваат со што целосно се ужива во летните денови. Повозрасните кочанчани кои денеска беа на базенот во Кочани велат дека водата е чиста, па топлите денови ова е нивна дестинација за спас од горештините.
„Причина е тоа што е многу убаво тука, внучињата сакаат да дојдат да се бањат. Двете ми се од Малта и они повеќе сакаат да бидат тука отколку во Малта. И овие внуци од Скопје, и тие се тука, слободни се овој период и затоа често доаѓаат.“ – велат граѓаните.
Најмногу уживаат најмалите, децата од основните училишта. Заеднички со нивните другарчиња го посетуваат градскиот базен во Кочани, учат да пливаат, играат разни игри и се забавуваат.
Со оглед на фактот дека има длабочина нешто повеќе од 2 метри на градскиот базен во Кочани има и спасувачи. Нивна задача е за граѓаните местото да биде безбедно. Велат дека се соочиле со разни ситуации, но додаваат дека просторот е прекрасен и треба да се посети.
„Нашата задача е да биде безбедно овде.“ – велат спасувачите.
Градскиот базен во Кочани се отвора секоја година летната сезона со цел кочанчани, но и граѓаните од регионот да има каде да се разладат и да ги поминат топлите летни денови.
Лаура Стојанова М-Нет