Официјално започна предизборната кампања за предвремените избори за градоначалници

Од денеска  официјално започнува предизборната кампања за градоначалник на Општина Штип, со тоа што истата ќе се спроведува на поинаков начин без масовни митинзи и собирања, со цел спречување на ширење на корона пандемијата. Свое обраќање до јавноста имаа кандидатите од СДСМ, д-р. Сашко Николов и од ИНТЕГРА, Симон Поликарп. Со инклузивен, демократски и транспарентен процес, од партијата на Социјалдемократскиот сојуз најавуваат сигурна и здравствено безбедна кампања за престојните предвремени избори во Општина Штип. Под мотото „Невозможното на дофат“ ќе се раскажува новата иновативна приказна за градот Штип, од старана на Македонската конзервативна партија, со нови иновативни идеи и градежни решенија за Штип. Предизборната кампања ќе трае до 10 декември до полноќ, а потоа настапува изборниот молк. На 11 декември ќе гласаат лицата позитивни на Ковид – 19 и оние во излоација, на 12 декември болните и изнемоштени лица и затворениците, а на 13 декември е првиот изборен круг на кој ќе гласаат останатите граѓани на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет