
Во подготовка е украсувањето на град Кочани за престојните новогодишни и божикни празници. Буџетот на Општината имаше предвидено средства за набавување на нови украси, со кои градот ќе добиеше поинаков празничен изглед, но поради состојбата со Ковид – 19, тие средства ќе бидат искористени за справување со пандемијата. Градоначалникот на Општина Кочани, Никлчо Илијев, изјави дека сите средства кои се планирани за реквизити за украсување на градот ќе се искористат за справување со Ковид пандемијата. И покрај тоа што град Кочани, ќе се украси со старите реквизити, за престојните празници, секпак ќе блесне во новогодишно светло. За овогодинешното украсување на град Кочани беа планирани 400.000 денари, но истите ќе бидат распределени за дезинфекција на институциите во Општината, обезбедување заштитни маски и ракавици, дел се донирани во Општата болница со проширена дејност во Кочани, а останатите средства ќе се искористат за реконструкција на Мултикултурниот центар во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет