
Откриена спомен бистата на Иле Гоцевски, шоферот на брзата помош во Кочани кој кобната вечер на 16 март 2025 година цела ноќ возеше повредени од пожарот во дискотеката Пулс до Скопје. Се жртвуваше себе си за да спаси што е можно повеќе дечиња, и засекогаш ќе остане запаметен како добра, ведар и посветен човек. Бистата е поставена пред кочанската Општа болница.
„Иле не беше само наш колега, туку пријател, човек во вистинска смисла на зборот. Знаеше да внесе топлина, насмевки и надеж, а во најтешките моменти покажа нешто што не може да се научи – вистинска несебична храброст.“ велат колегите за него.
Иле Гоцевски почина ден по катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс, но неговите колеги во кочанската Општа болница и понатаму се сеќаваат на него, како човек со големо срце и ведра насмевка.
„Иле беше човек кој беше на првата линија, човек кој помагаше на сите и кој многу од вас го паметат по неговата насмевка. Тој неуморно помагаше на сите“ – вели Паниќ Мирчовска.
Пред поставена спомен биста се положи и свежо цвеќе.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет