Штипјанецот Сашко Кедев го освои врвот Шишапангма во Кина

Кардиологот Сашко Кедев со нов голем успех во неговата алпинистичка кариера, откако штипјанецот го искачи врвот Шишапангма во Кина, кој е висок 8.027 метри.

Во екипата со Кедев кој го направи овој голем успех биле седуммина Непалци, Американец, Пакистанец и Јапонец.

Претходно Кедев го освои Лоце на Хималаите, врв висок 8.516 метри, како и врвот Макалу кој е висок 8.485 метри.

Александар Ванев, М-Нет