Отворен ден на средните училишта во Штип со цел промовција на она што го нудат за идните средношколци

Отворен ден на средните училишта денеска во Штип. Во Дом на млади Штип беа презентирани струките и можностите кои ги нудат средните училишта со цел да привлечат поголем број средношколци. Со промените кои се прават постојано, се работи да се образуваат млади кадри кои ќе ги задоволат барањата на пазарот на трудот, посочи градоначалникот, Иван Јорданов.

„Поскаувам и оваа година да има една успешна презентација и основците да го продолжат своето образование во средните училишта во нашиот град, затоа што се нуди квалитетно образование и доедукација. Најчесто инженерите, металопреработувачите се оние секотри кои се дефицитни. Верувам дека со промените кои се случуваат во наставната програма дека ќе се задоволат потребите на пазарот, на стопанството, на индустријата, на бизинс секторот. Затоа ми е драго што се прилагодуваат програмите во средните училишта“ – вели Јорданов.

Нови струки, практична настава во комапниите, дуално образование – училиштата нудат квалитетна настава преку која учениците ќе добијат соодветно образование и можност за вработување.

„Нашите ученици добиваат квалитетна практична настава во компаниите, а пак компаниите имаат можност своите кадри да ги образуваат согласно своите потреби и да најдат начини да ги задржат во своите организации“ – вели Шалева.

„Воведуваме нов профил тоа е техничар за козметичка нега и убавина кој припаѓа во групата на лични услуги, запишуваме 25 ученици, секако тука приоритет даваме на нашите постоечки профили“ – вели Николиќ.

„Се надеваме дека учениците ќе ги согледаат квалитетите во воспитно образованиот процес, дисциплината, хигиената и сите потенцијали на гимназијата и ќе го направат вистинскиот избор“ – вели Ристова.

Дешениот настан беше задоволителен и за самите ученици, деветоодделенците кои треба да одлучат каде е го продолжат своето средно образование, согласно она што ги привлекува и што сакаат да завршат.

Секое средно училиште имаше свој штанд преку кој беа презентирани дел од опремата, начинот на работа, условите и можностите кои ги нудат за самите ученици.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет