Отворена нова сензорна соба за децата со попреченост во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип

Отворена 15 по ред сензорна соба во државата, денеска во основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип во рамки на прокетот Биди Ин, Биди Инклузивен, биди Инклудиран. Целта на ваквите соби е да можат и децата со попреченост да се вклучат и да учат заедно со останатите деца во основните училишта.

„Денешната активност е дел од активностите кои овој проект ги спорведува во делот на обезбедување и подобрување на пристапноста на училиштата, нивната инклузивност. Ова денеска е 15 сензорна соба која ја отвараме како дел од проектот. Многу ни е драго дека ова го правеме во основното училиште Димитар Влахов во Штип каде навистина се негува една инклузивна клима. Традиционално учениците со попреченост учат заедно со своите другарчиња тука и постигнуваат резултати и нам ни е секогаш задоволство да работиме во такви средини.“ – кажа Џајковска.

Во овој проект се вклучи и Општина Штип. Со финасиски средства обезбедени од Буџетот на општината е опремена собата која ќе ја користат децата со попреченост. Јорданов истакна дека и во иднина ќе се следи трендот и се надева дека вакви соби ќе се отворат и во други образовни институции.

„Општина Штип се вклучи во прокетот Биди ин, еден мал исчекор во насока на вклучување на децата попреченост во образовниот процес, да направиме услови за нив во основното училиште Димитар Влахов да се отвори практично оваа соба. Се надевам дека и во наредниот период ова ќе биде пример и во другите училишта на територија на Општина Штип и во рамки на овој прокет нашата задача и тенденција е на еден симболичен и стимулативен начин да ги мотивираме и останатите образовни институции да го следат овој чекор сѐ со цел да создадеме еднакви можности за сите дечиња во нашиот град“ – кажа Јорданов.

Да се гледа светот преку призмата на децата е главна цел на инклузивното образование, вели директорката Невенка Величкова. Во прокетот се вклучени сите со цел подобри услови за сите деца.

„Инклузивното образование значи гледање на училиштата низ призмата на деските очи, ставање на нивните интерси во прв ред и овозможување или обезбедување на учество и учење. Инклузивното образование не се однесува само на одредена група на наставници или поединци, туку се однесува на училиштата како организација која учи и која допринесува до постојан развој и промени.

Проектот е спроеведен од страна на фондацијата Чекор по чекор заедно со две здруженија од Куманово и Тетово.

Лаура Стојанова М-Нет