
Поставен знак за пешачка зона и реалност во која автомобили и мороти секојдневно се движат по пешачка патека во Штип. Револтирани граѓани од населба Суитлак во Штип реагираат за ситуацијата со која секојдевно се соочуваат. За М-Нет телевизија велат дека навечер на овој простор се организираат трки со мотори, граѓани ги отстрануваат поставените барикади и со автомобили се движат по пешачка патека, и откако ќе завршат вечерните собиранки останува ѓубре и смет. И тоа е слика која како што велат граѓаните се повторува секојдевно. За ова се запознаени сите надлежни институции уверуваат граѓаните.
Дека изминатата недела неколкупати се отстранети поставени барикади потврди и директорот на ЈП Стипион Игор Ефтимов. Тој вели дека тие ги поставуваат, граѓаните ги отастрануваат. Денеска механизација повторно беше на терен и поврно се ставија барикадите.
„Како јавно претпријатие Стипион упатуваме еден апел до граѓаните на Општина Штип бидејќи само оваа недела вработените на ова јавно претпријатие повторно ги поставуваат барикадите кои се наоѓаат на пешачката патека во населбата Суитлак. Еве упатуваме апел до сите оние кои ги отстрануваат барикадите да не ги тргаат бидејќи тоа е пешачка зона, се движат луѓе и мали дечиња со цел да не се случат некои несакани последици“ – вели директорот Ефтимов.

Непочитување на поставен сообраќаен знак се санкционира со казна од 45 евра во денарска противвредност, истакнаа од СВР Штип. Портпаролот, Гордана Панајотова во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека полициски службеници од СВР Штип се на терен и секое непочитување на поставениот знак во пешачката зона се санкционира.
Апел до граѓаните упатија и од Општина Штип, да не се отстрануваат поставените барикади и просторот да се користи за пешачење, а не возење автомобили и трки со мотори.
Лаура Стојанова М-Нет