
Две сообраќајни незгоди регистрирани во Штип изминатата вечер. На кружниот тек кај старото нервно автомобил марка „бмв“ удрил во метален столб за улично осветлување. Во полициксата станица во Штип незгодата е пријавена во 01:10 часот по полоноќ. Возачот, 21 годишно момче се здобило со лесни телесни повреди, информираат од СВР Штип.
Нешто покасно во 3:30 часот по полоноќ на мостот на река Брегалница, на делот кој ги поврзува улиците Димитар Влахов и Кежовица, моторно возило „мерцедес“ управувано од 21 годишен возач удрило во столб. Во несреќата учествувало само едно возило, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 19 годишно девојче.
Од СВР Штип повторно апелираат до сите возачи да ја прилагодуваат брзината на возење, да ја почитуваат патната сигнализација и да возат одговорно и совесно со цел побезбедни патишта.
Лаура Стојанова М-Нет