Асфалтирана нова пристапна улица на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, издвоени се три милиони денари

Започна асфалтирањето на пристапна улица на булеварот Гоце Делчев во Штип. Станува збор за улица со површина од три илјади метри квадратни на која се наоѓаат голем број стопански и деловни објекти и тзатоа повеќе од потребно е нејзина реконструкција. Улицата се наоѓа и во близина на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.

„Некаде околу 3000 метри квадратни ќе се асфалтира површина која ќе користи за сите кои минуваат овде. Овде има доста стопански и деловни објекти кои имаат потреба од оваа улица. Активностите кои се преземаат верувам дека ќе бидат добри за сите“ – вели Јорданов.

Освен оваа улица се работи и на тротоарските површини во овој дел од градот, ноо се извршуваат и многу останати активности во повеќе делови од градот. Јорданов посочи дека добрите временски услови овозможуваат динамична работа на терен.

Во наредниот период ќе се работи на повеќе инфраструктурни проекти во Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет