Осуденик во КПД Затвор Штип набавил хероин и договорил да му се испрати по пошта во затворот

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.А.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во октомври 2020 пријавениот, како осуденик во Казнено-поправниот дом Штип, набавил хероин и договорил да му биде испратен во пакет по пошта. На 20.10.2020, вработени во Казнено-поправниот дом Штип, при преглед на пакетот на скенер, го пронашле хероинот.